– Формирањето на Агенција за канабис ќе значи нов трошок за граѓаните. Од буџетот, од парите на граѓаните, од нивниот џеб ќе се плаќаат нов директор, негов кабинет, секретарка и трошоци за тоа, шофер за истиот и возило, но и десетина или стотина нови вработени. Нема пари за болнички возила, вакцини и друг потребен материјал, ама затоа има за нови институции кои имаат една единствена цел – заштита на бизнисот на Зоран Заев, посочуваат од партијата.

Оттаму додаваат дека фамилијата Заеви е длабоко замешана во бизнисот со марихуана, а шоферот на Трајче Заев беше фатен и во шверц на истата.

– За шверцот со марихуана пишуваше и Гласот на Америка на македонски јазик, според кој Македонија, особено струмичкиот регион се место од каде се шверцува марихуана во Грција. Македонија станува Колумбија на Балканот, а Заев става рака врз бизнисот со марихуана во целост, и затоа страдаат граѓаните, кои чекаат лекови и инсулин, затоа што мора да има за новите институции на Заев за контрола на марихуаната, се вели во соопштението на партијата.