Дезертерот Зоран Заев го напушти сопствениот народ. Нема друг случај во Европа каде премиерот дезертирал од својата земја за време на соочување со голема криза.Во текот на вчерашниот ден влезе во земјава, со лаковани кондури и брендирана блуза од 500 евра се сликаше, и потоа ја напушти повторно земјата и го остави народот на цедило. Додека со скапиот државен мерцедес го напушташе Берово, огнот се уште ја пепелосуваше земјата, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Се покажа дека не постои систем за заштита. Додека целиот регион праќаше пожарни и ресурси за справување со пожарите, само Заев ја напушти земјата. Потребен е прекин на одморите и итна седница на Собранието на која ќе се расправа за кризната состојба со пожарите. Дезертерите како Заев треба да одговараат за предавство на својот народ и држава, велат од партијата.