ВМРО-ДПМНЕ во услови на тешка економска и енергетска криза нуди решенија кои треба да го спречат тонењето на стандардот на граѓаните и економскиот колапс.

Од партијата велат дека бидејќи енергетската криза предизвикува тешка социјална и економска состојба во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет мерки кои директно ќе се однесуваат на суштината на проблемите, а не како мерките на владата кои се само гол маркетиншки трик без позначаен ефект.

Пакетот од 5 конкретни мерки кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ е следниот:

1. Вишоците на произведена струја кои што ги произведува поранешно ЕЛЕМ, во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството по цена која што е производна за поранешна АД ЕЛЕМ.
2. Дополнително, секоја компанија која ќе плати цена на струја која е над цената на регулираниот пазар на електрична енергија, половина од разликата да ја преземе државата.
3. За граѓаните да се предвиди Викенд без ДДВ за основните прехранбени производи, за да можат да се снабдат граѓаните по пониска цена за да се заштити стандардот на граѓаните.
4. Одложување на скалестото оданочување кое го планира власта бидејќи тоа ќе удри на стандардот на граѓаните, а ќе влијае и врз финансиската ликвидност на компаниите.
5. Исто така предлагаме да се дестерилизираат на благајничките записи во Народната банка, што би значело средства на располагање на стопанството со што ќе ја помогнат ликвидноста на компаниите, а работните места ќе бидат сочувани .

– Владата треба овие предлози да ги разгледа сериозно. Нивната досегашна политика наместо да ги решава проблемите на македонските граѓани и македонската економија, само ги продлабочуваше. Заради лошите и ненавремени мерки Македонија тоне во сиромаштија. Македонија има една од највисоките стапки на инфлација која достигна 18,7%, а цените на основните прехранбени производи поскапеа од 50 до 100%. Во исто време домаќинствата и стопанството плаќаат најскапа струја споредено во земјите од регионот. Веќе почна масовно затворање на индустриски капацитети, а само за една и пол година затворени се над 12 илјади компании. Неколку илјади компании веќе имаат сериозен проблем да исплатат на време плата, што остава без сигурност илјадници други семејства, се појаснува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дела е време власта предводена од Ковачевски да се вразуми и да прфати предлози што значат спасување на стандардот на граѓаните и македонската економија.