Половина Скопје е без парно, и главен виновник за тоа е Ковачевски и СДСМ, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Власта не презема ништо во насока на обезбедување на неопходните резерви на гас, но и за преговарање на цена и снабдување кога тоа го правеа земјите од регионот. Ковачевски беше заменик министер за финансии во таа влада, а со тоа и директно одговорен. Цената на парното греење ја одредуваат вршителите на јавни услуги – снабдување со топлинска енергија, а цената ја регулира РКЕ, единствен субјект кој што може да влијае првите да добијат поефтин гас, ако е способен да испреговара со странски земји или добавувачи е владата, а во РКЕ се партиските послушници и членови на Комисии на СДСМ како Бислимоски. СДСМ се неспособни и ја оставија земјата на удар на енергетската криза во сред зима – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата да не ја префрла топката и да го реши проблемот со парното. Ако е неспособна, што всушност и е нека распише веднаш предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ знае како да работи за државата, додаваат од таму.