Зоран Заев да каже зошто Седат Пекер се среќавал со негови коалициони партнери и функционери во неговата власт и за што разговарале тие?, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и владата молчат и не кажуваат дали Седат Пекер бил и на состаноци во владата, и доколку да, што се разговарало на тие состаноци?! Дали било разговарано за одредени бизниси и дали врска со нив има Вице Заев?! Со што Седат Пекер го задолжил Зоран Заев и владата за тие да му дадат полициско обезбедување и автомобили со флешери?! Законски е јасно пропишано кој може да има полициско обезбедување. Што правел Седат Пекер 3 месеци во Македонија и зошто откако е протеран, тој не бил протеран во Република Турција, каде за него има потерница, туку во Косово?!, прашуваат од партијата.

Од таму додаваат и дали Спасовски и Заев свесно го штителе Пекер и помогнале тој да не биде изнесен пред органите на прогонот во Република Турција?! Дали Спасовски и Заев свесно саботираат меѓународна акција?!