-Ако вистински се грижеа за духот на рамковниот договор тогаш парите од прославата ќе беа попаметно да се пренаменат и дадат за реконструкција на училиштата во тетовско, гостиварско, кумановско или за решавање на проблемот со вода за пиење во Тетово. А, секако најдобро ќе се искористеа и за сервисирање на канадерите за гасење на пожар. Наместо тоа коалицијата на власт даде предност на криминалот, наместо соживотот. Најголемата закана за рамковниот договор е токму власта која го поделува народот на тие кои се со нив и народот кој не е, се вели во дописот.

Според ВМРО-ДПМНЕ, власта треба да одговори дали прославата на Рамковниот и одложување на мерките поради прославата не значи доказ за целосно политизирање на процесот.

-Оттука ВМРО-ДПМНЕ ниту претседателот Мицкоски нема да учествува во таквиот декор. Нема потреба од партиска предизборна парада во услови на тешка економска и здравствена криза, рамковниот договор е завршена работа. Парите можеше да се искористат за многу други цели, се вели во соопштението.