-Додека во најава е нов карантин за викенд и затворање на границите врвот на власта тера луксузни одмори на тропски дестинации. Рашковски наместо да одговара за криминал, замина за Мексико, каде еден одмор е околу 20 илјади евра. Николовски заврши со путерот, се измории отиде во Дубаи, каде одмор чини до 10.000 евра. Рашковски и Николовски напуштаат земја во кризна состојба, среде здравствена криза и полициски час. Народот нема леб да јаде, и едвај крај со крај сврзува, а луѓето на Заев трошат десетици илјади евра за одмор, се вели во соопштението на партијата.
ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски и Николовски во Мексико и Дубаи, за одмор трошат колку за еден стан
В
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Драги Рашковски и Љупчо Николовски во Мексико и Дубаи, за одмор трошат колку за еден стан.