На СДС побитни им се криминалот и тендерите во 4 очи, отколку Скопје и скопјани и затоа не бараат оставка од Данела Арсовска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку СДС сакаат решавање на проблемот со блокадите и хаосот во Скопје, ќе побараа оставка од Арсовска, ќе и ги одземеа ингеренциите и ќе го подмиреа долгот кон приватните превозници.
Ама на СДС и Ковачевски не им е гајле за приватните превозници кои со месеци не добиле пари и како тие ги прехрануваат своите фамилии.
Јасно е дека СДС не сакаат решение на проблемите, решавање на хаосот со блокадите во Скопје, бидејќи се креатори на овој хаос преку монструозната коалиција помеѓу Данела Арсовска и Димитар Ковачевски.
Лепакот на коалицијата Тачела, се криминалните тендери, провизии и пљачкањето на скопјани.
Неколку дена молк од СДС, Ковачевски и Арсовска, дали се договорени со бугарска компанија да го превземе приватниот градски превоз, и дали автобусите веќе се стасани и се кријат во близина на главниот град.
Нема ни збор за штетниот договор за набавка на гориво за Јавното сообраќајно претпријатие од пратеник од власта, во која не е вклучен попустот, и се врши проневера од неколку стотици илјади евра.
Целото безредие во Градот Скопје е дело на Данела Арсовска, СДС, Левица и ДУИ кои се во неформална коалиција. За секој штетен договор, за секој криминал од оваа крими коалиција Тачела ќе има ревизија, стои во партиското соопштение.