Не е малку што со години е предмет на најцрната кампања од СДС, за да сега Петровска која доживеа изборен дебакл го вмешува синот на Мицкоски. Тоа значи дека го пробија дното, реагираат денеска од ВМРО ДПМНЕ по информацијата која ја објави екс министерката Славјанка Петровска дека во Ваштингтон патува и синот на Мицкоски.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека фактите се следни:
Синот на Мицкоски не е дел од официјалната делегација во НАТО самитот. Иако претседателот Мицкоски има право на придружен член на делегација, патувањето на неговиот син државата не ја чини ништо, односно сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицокски. За разлика од времето кога премиерот на СДС Ковачевски ги донесе децата како членови на официјална делегација.
Ако делегацијата сакала да сокрие нешто сигурно немаше да има фотографии од истата. Напротив се е транспарентно.
Ефектите од патувањето на претседателот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се повеќе од очигледни.
Над 20 средби со лидери на држави членки на НАТО.
Средба со врвот на НАТО.
Достоинствено преставување на македонските интереси.
2 крупни инвестициски одлуки.
Нова инвестиција на Вабтек, 35 милиони евра и над 100 вработувања.
Специјална економска соработка со Унгарија, 500 милиони евра за компаниите и општините.
Токму поради ова поразено однесување на СДС на наредните избори тие 180 илјади гласови кои ги освоија на последните избори ќе им бидат недостижна цел,с е наведува во партиската реакција.