Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Вашингтон наиде на многу коментари и неосновани критики од опозицијата. Па, затоа се огасија од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски од Вашингтон: Не сакаме преговорите со ЕУ да се претворат во бескрајна приказна, прво завршени преговори па уставни измени

Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ го пренесуваме во продолжение:

СДС стана најголем анти – трампистички лидер во регионот, дали отстапија од курсот на државата утврден уште во 90тите, што е следно да играа на “Расцвјетале јаблани и круши”?

Со зачуденост, но и со доза на загриженост, ја следиме вчудоневидувачката трансформација на СДС во анти-трампистички лидер во регионот.

Очигледно, за СДС не е никаков проблем нивниот близок пријател и коментатор, Сашо Орданоски, јавно да го навредува актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, нарекувајќи го „лажго, неонацист и необразован политичар“.

И што прави СДС по ова?

Громогласно молчи!

Се прашуваме,

Дали ова значи нивно отстапување од државниот курс утврден уште во 90-тите години?

Дали можеби Левица го одигра своето влијание врз раководството на СДС и нивните сателити?

Или пак, ова е резултат на мрачните структури поврзани со тајните служби од регионот кои работат Македонија да скршне од својот евроатлантски пат?

Што е следно?

Венко и Фани да играат на „Расцветјали јаблани и круши“, додека Фрчкоски и Чупеска во прв ред аплаудираат?

Вратете се на курсот.