Оттаму посочуваат дека во реалноста животот е многу тежок, и не се опишува со ниту еден збор на хартија. СДСМ го соголи народот. 60.000 луѓе останаа без работа, 5.600 фирми ставија клуч на врата, а економијата една година е во рецесија.

– Додека сите земји во регионот бележат раст, Македонија со Заев една година е во минус. Народот едвај врзува крај со крај, а ценовниот шок е огромен. Само за една година цените на продуктите во малопродажба е зголемена и до 40%.
Поскапи се млекото, месото, зејтинот, брашното, сите основни продукти се покачени, а згора на тоа во изминатиов период вклучувајќи го и последното покачување кое се планира Заев лично ги поскапе горивата за 14 денари, тоа е трајно покачување, кое не зависи од светските берзи, посочуваат од партијата.

Економијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ, е во период на мачен и тежок период.

– Време е оваа несигурност да запре. Време е за Македонија за сите луѓе!, додаваат пд најголемата опозициска партија.