Седум години Спасовски, 7 години криминал корупција и мафијашка држава. 7 години редица неразјаснети убиства, пукања во центар на Скопје и нарушена безбедност. Последниот ден од мандатот Спасовски направи акција која требаше да ја направи пред 7 години. 7 години дозволи разни банди да дивеат по улиците. Од кражби на оружје од полициско депо до дојави за бомби, ништо не е разјаснето, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Стотици килограми марихуана се украдени од фабрики, а сторителите се или непознати или недостапни за полицијата. Наместо да се бори против криминалот Спасовски 7 години се уортачи со криминалците. МВР наместо сервис на граѓаните стана акутен проблем. Од ефективна служба, Спасовски го сведе МВР да не може да регулира вадење на лични документи, па народ во редици чека на минусни температури. Спасовски го урниса безбедносниот систем. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме – нагласуваат од партијата.