-Шилегов треба да знае дека не значи дека не е криминал, ако фирмата на зетот на десната рака на Шилегов не се јавува како директен учесник во постапка, туку како фирма која ќе се наплати од тендерските пари. Треба да се утврди која била улогата на Аврамовска Мадиќ во и околу постапката од која пари доаѓаат и до фирмата на нејзиниот зет. ‘Армор плус‘ на зетот на десната рака на Шилегов, Аврамовска Мадиќ – новиот Рашковски е фирма кај која треба да завршат дел од парите од набавката. Шилегов да каже дали разликата во цени помеѓу загрепската скала и таа која ја набавува тој, ќе заврши токму на сметка на ‘Армор плус‘? А, не дали директно или не. Без разлика и по колку патишта да вртат парите на скопјани исто така неспорен е фактот дека скопјани плаќаат една скала по цена на две. ЈО, не само ДКСК да отвори предмет и да го расчисти случајот, Шилегов сам почна да ја открива шемата, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов крие дека парите доаѓаат кај „Армор плус“
В
Петре Шилегов ја разоткрие цела шема за набавка на скалата. Парите не оделе прво на сметка на „Армор плус“, туку се наплаќа унгарската „Хороскоп“, преку која пари стигнуваат и до „Армор плус“, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.