„Славјанка Петровска и нејзиното семејство се со регистрирано живеалиште во луксузната хациенда со базен“ соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Славјанка Петровска гласа во ОУ „Ацо Шопов“ во Бутел во избирачко место на кое гласаат жителите од „Радишанска“ од делот каде што се наоѓа хациендата на Петровска. Семејството на Петровска се јавува и како обврзник за плаќање на сметките во хациендата. Таткото на Петровска е лицето на чие име гласат сметките за вода кои стигаат на таа адреса“ велат од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, „Петровска не може да бега од одговорност. Таа се обиде да сокрие луксузна хациенда со базен. Петровска лажеше за својот имот.
Славјанка Петровска да си поднесе оставка, а хациендата со базен да ја донира не на ВМРО-ДПМНЕ како што вети, туку на здруженијата на бранители од 2001 година“.