Власта на СДС и ДУИ самата си потврди дека повторно мести оглас на Фондот за иновации и технолошки развој за своите блиски компании и лица. Бесрамно наместо да го повлечат огласот тие го изменија и сега парите ќе се делат не на фирмите кои се во добри односи со власта, туку на фирмите за кои немаат забелешки. Тоа значи само едно, смеат да аплицираат само нивни фирми и однапред им кажуваат на останатите да не аплицираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со години сме сведоци како парите од ФИТР одат на лица и фирми кои од блиски на функционерите од ДУИ и СДС или пак се нивни одработувачи, а сега само јавно кажуваат дека само таквите смеат да аплицираат. Имено, иако во нормална држава ваков срамен оглас ќе беше повлечен ФИТР само ги промени условите на огласот за тоа кој може да аплицира и формулацијата „апликантите да бидат во добра состојба со властите“ ја заменија со „апликантите е потребно да бидат признати и без примедби од соодветните органи на Македонија“. Што значи дека првичниот критериум не бил погрешно протолкуван, туку навистина бил за нивните блиски што се потврди со самата измена на огласот, се наведува во соопштението.

„Знаејќи како функционира оваа криминална и корумпирана власт за која се обзнанија бројни афери како ги испумпуваат народните пари во нивните фамилијарни бизниси, логично е да се очекува дека нема да имаат примедби само за своите. Или како што и самите ДУИ и СДС викаат ќе функционираат „како до сега“.

Сепак за биде пострашно дел од овие 60.000 долари се обезбедени од меѓународните организации на нашите стратешки партнери, но на криминалците од власта не им е гајле дека ќе не засрамат пред светот, затоа што сите ги научија дека се корумпирани и отворено меѓународни претставници тоа го кажуваат.

Нив, тоа не ги загрижува, туку им се ближи крајот и се обидуваат како да украдат повеќе додека имаат можност затоа што изборите се ближат, а падот за нив ќе биде голем. Не ги интересира ниту почитување на законот, ниту како живее народот, ги интересира само како да се збогатат на сметка на граѓаните. Во Македонија никогаш не било полошо, државата се распаѓа на секое поле, затоа е важно да ги поразиме“ – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Kurir