Пендаровски води политика од денес за утре. Се е сведено само на гол пиар и зад неговите ставови и потези нема никакна стратегија, туку се води според народната купи ден помини, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение целото соопштение
Пред само една недела Пендаровски бомбастично ја промовираше својата посета на манастирот Свети Прохор Пчински кај што се одржало првото заседание на АСНОМ.
Поминаа само фалбите на Пендаровски, помина пиарот и по принципот на потемкино село, работите ги снема.Она на кое што Пендаовски посвети најмногу фалење, а тоа е спомен плочата во манастирот, веќе е тргната. Но Пендаровски не би бил Пендаровски, ако не си ги порекне своите зборови. Тој секој пораз знае да го преставува како победа, ама сосема друго прашање е колку му веруваат граѓаните. Па така и во овој случај неговиот кабинет се брукаше па објаснува дека спомен плочата била од “времен карактер“ (!?) Веројатно во светот ова е единствен случај на времена стави-вади спомен плоча која како потемкино село се става и вади само за очите на јавноста.
Ова срамна епизода „Стево и плочата“ е продолжение на безличната политика на Пендаровски, која во последните неколку месеци ја збогати со зачестени пишман изјави во стилот на неговиот соработник Заев. Пендаровски треба да знае дека и тој како и целата оваа екипа на СДСМ ќе завршат на историското и политичкото буниште заради сите лаги, понижувања и порази кои му ги приредија на народот.