Срамота е дента кога стотици угостители протестираат пред Министерство за финансии, СДСМ се фали со економски мерки. Стотици угостители и илјадници вработени на кои им виси платата и работното место се на раб на опстанок и сето тоа е вина на Заев и задоцнетите мерки.60.000 луѓе останаа на улица. 6.200 фирми се затворија. Изминатиов период заради неспособноста на власта беше буквално гилотина за економијата.И додека стопанството тоне, Заев вози мотори, лета на хеликоптери, а шоферот на неговиот братучед превезува дрога.И како ваква власт да донесе мерки и позитивни резултати. Таа може да не однесе само во врвот на светските листи во корупција и криминал – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ: Срамота е СДСМ да се фали со економски мерки кога стотици угостители се без парче леб
В
Од ВМРО-ДПМНЕ, реагираат дека влста не треба да се фали со наводни мерки за помош на стопанството и фирмите, во услови кога на улица се излезени стотици угостители кои се оставени без парче леб сами да се справуваат со кризата.