Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тајни имоти и во град Скопје, директорите на Арсовска и СДС кријат имот.
-Нема јавно објавени анкетни листови и пријавен имот Силвана Кржовска директорка на СУГС Јосип Броз Тито која доаѓа од партијата на власт ДОМ, Митко Димовски, директор на СУГС Орце Николов, Горанчо Николовски директор на АСУЦ Боро Петрушевски, Тања Јовановска директор на СУГС Васил Антевски Дрен и Маја Салиу директор на СМУГС Д-р. Панче Караѓозов. Дали овие лица се дел аферата тајни имоти?
Што кријат директорите на овие средни училишта под јурисдикција на град Скопје? И зошто не го пријавиле својот имот на увод на јавноста?, прашуваат од партијата.
Што презема ДКСК, и дали ќе поднесат пријави за функционерите. Или ќе продолжат да ги штитат функционерите кои не ги почитуваат законите, како што го направија тоа со дезертерот Ковачевски?