Димитар Ковачевски на владина седница по наредба на ДУИ, а на штета на здравјето на граѓаните донел одлука за спојување на двете концесиите за експлоатација на бакар и злато за рудникот Иловица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, Назиф Дестани кој важи за близок до високи владини функционери од ДУИ, е основач на компанијата „Еколог“, преку својата фирма во Холандија вложил дури три милиони долари во акции од компанијата „Еуромакс рисорсес“, чија цел е всушност отварањето на рудник на бакар и злато во струмичко.

Симптоматично е што само 15 дена откако тетовецот Дестани ги купил акциите во „Еуромакс рисорсес“, Вишиот управен суд одлучил да ја уважи жалбата на канадската компанија, која пак како што пишуваат медиумите подолг период се жали пред македонските институции на одлуката на Владата да го раскине договорот за една од концесиите за експлоатација на руда.

Димитар Ковачевски е само слуга на ДУИ.

Се што ќе побара ДУИ, Ковачевски исполнува.

Уште една лага на СДС е разобличена. Владата на СДС дојде на власт со ветување дека глас за СДС е глас за чиста и здрава животна средина, а сега на штета на здравјето на граѓаните носат одлука за спојување на концесиите.

До кога Ковачевски само за да опстои на власт ќе прифаќа се што му е наредено од ДУИ?

Дали желбата за власт на СДС и ДУИ е поважна од здравјето на граѓаните и чистата животна средина?

ДУИ се зелени само декларативно на хартија, но не и кога станува збор за лични интереси и остварување на профити.

Впрочем, и лагата на министерката за животна средина Каја Шукова дека ќе присуствува на утрешниот протест е само обид за замајување одд лагите и манипулациите и замачкување на очите на јавноста.

Доколку навистина Шукова, Ковачевски и СДС го слушаа мислењето и им беше важно здравјето на граѓаните немаше на владина седница да донесат одлука за отворање на рудникот Иловица.

Наместо да собираат политички поени, време е Ковачевски и СДС да го слушнат мислењето на народот на предвремени парламентарни избори, додаваат од партијата.