Заканите кон семејството и децата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се акт на вандализам и варварско водење на политиката од страна на власта. Поминаа 24 часа ниту СДС, ниту Пендаровски се оградија од лицето кое на социјалните мрежи се заканува по животот на лидерот на ВМРО -ДПМНЕ и неговите деца.
Токму заканувачот е јавен поддржувач на премиерот Ковачевски, а претседателот Пендаровски на тоа лице му подарил и благодарница.
Ниту МВР реагира на ваквите закани кои се израз на страв и немоќ на власта, ниту пак СДС ги осудува ваквите чинови кога во политиката се вмешуваат и малолетни деца.
Директно власта на Ковачевски стои зад ваквите ниски обиди и закани кон опозицијата. Ова е грозоморно водење на политика како обид да се затскријат криминалите на власта. На власта да и е јасно дека нема повлекување и нема отстапување од борбата против криминалот на власта и поразите кои тие и ги носат на Македонија.