Во само 12 часа, во Скопје се случија 3 грозоморни настани, вчера како на филмска лента се случи убиство, тежок грабеж и пронајдено обезглавено човечко тело на патот Скопје-Блаце. Ова се настани кои се случија за само еден ден, кои ги немаше ни во времињата во 90-те во Колумбија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оливер Спасовски ја претвори државата во мафијашки полигон, каде ни еден граѓанин веќе не се чувствува сигурен преку ден, а камоли навечер.

Се потврдија состојбите на терен, мафијашките пресметки и небезбедноста на граѓаните, за кои подолго време укажуваше ВМРО-ДПМНЕ.

Неспособниот Оливер Спасовсски мора да се соочи со вистината и да си поднесе оставка, бараат од партијата.