Општинските и градски власти предводени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможат преку општински и градски претпријатија секое домаќинство да добие бесплатен приклучок на гас, а со тоа ќе се намали загаденоста на воздухот во зимските денови, бидејќи таа во голем процент е резултат на тврдите горива кои се користат за затоплување на домовите, се вели во соопштението.
Тие додаваат дека нивната грижа за поевтини енергенси нема да застане тука, дека ќе го продолжат животниот век на РЕК Битола и РЕК Осломеј до 2040 година, а со тоа ќе бидат спасени многу работни мести, кои доколку СДСМ остане на власт ќе бидат изгубени, а илјадници ќе останат на улица без егзистенција.
Продолжувањето на животниот век на двете термоелектранј во Битола и Кичево ќе значи и зголемено производство на струја, но и поевтина струја следствено на тоа.ВМРО-ДПМНЕ има за свој приоритет граѓаните да добијат евтини енергенси и здрава животна средина. Време е за Македонија за сите луѓе!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.