Во продолжение пренесуваме соопшение на ВМРО-ДПМНЕ:

Од 2019 година скандалот на Онкологија добива драматични пропорции. Реагираат пациенти, реагираат медиуми, реагира опозиција, само институциите на власта молчеле и се правеле како да не постои таков проблем. Министерот за здравство согласно законите е должен да знае за се што се случува и тоа дали преку свој тим или не, меѓутоа тој како лик е должен да знае што се случува во здравствениот систем во државата. Преку него, одговорност за случувањата во јавниот здравствен систем има и владата и премиерот. Но овие институции очигледно не биле заинтересирани да ги решаваат проблемите во Онкологија, туку ги интересирале само коалициските пазари и тендерите кои си врвеле. Утврдени се неправилности во набавката на терапијата, постоеле неправилности во распределбата на терапијата, постоеле злоупотреби на термините во системот и на крајот свесно бил исклучен софтверот кој требало сето ова да го контролира. Анкетната комисија дава одговори на сите овие прашања.

Логично е да се помисли дека сите овие злоупотреби и неправилности биле толерирани заради нечии бизнис интереси кои биле правени на грбот на пациентите и за жал на сметка на животите на голем број од нив.

Сведоштвата на пациенти, пишувањата на медиуми траат со месеци и години и ниту здравствените институции, ниту пак МВР и обвинителството не мрднаа со прст со месеци. Дозволија овој монструозен скандал да трае и на тој начин загрозија стотици и илјадници пациенти колку што се лекувале овие години на клиниката за Онкологија. Дури и после отворањето на истрагата поминаа месеци и сеуште нема никакви поднесоци и информации. Доколку некој мисли дека овој случај ќе се забошоти, тогаш се лаже. Одговорност ќе има и политичка и кривична. Од тоа бегање нема.