– Заев ја спасува коалицијата СДСМ – ДУИ, за него владата е поважна од 14 изгубени човечки животи. Заев вчера излезе и ги отфрли оставките на Филипче и Хасани, затоа што тие здружено двајцата се челници на криминалот во здравството. Заев не ги дава Филипче и Хасани затоа што многу знаат, знаат и за провизиите од кинеските вакцини, а знаат и за сите матни тендери. И затоа Заев кажува приказни за мали деца, затоа нема одговорност, туку кабелот е виновен за смртта на 14 луѓе. Ако не беше кабелот ќе беше штекерот или осигурачите, но за Заев никако не смее одговорен да биде Филипче, затоа што тие се здружени во криминалот, велат од партијата.

Оттаму сметаат дека доколку Заев мислеше на Македонија веднаш ќе ја прифатеше оставката на Филипче и Хасани, а веднаш потоа и сам ќе си дадеше оставка, но на Заев поважна му е владата отколку одговорноста за 14 загубени човечки животи.

– Заев мисли само на власта и на бизнисите свои, затоа во Македонија имаме над 6.000 починати од КОВИД, и болници кои горат побрзо од картонски кутии. За сето ова ќе има одговорност, а од истата нема да се спасат ниту Заев, ниту Филипче, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.