Граѓаните очекуваат Заев барем еднаш да си стои на зборот и да оствари барем едно ветување, а тоа е да си замине од политиката. Колку порано го направи тоа, толку подобро за Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека со пораз од над 100 илјади гласови тој веќе нема легитимитет да ја води Македонија.
-Народот јасно му кажа дека тој е изворот на кризи и проблеми и не може да биде решение. Тој е причината поради која Македонија е на рекордно најлошо ниво на корумпираност според Транспаренси, поради него Македонија е рекордер по смртност во Европа во пандемијата, поради него Македонија е најсиромашна и најнесреќна земја, поради него сме на дното во регионот и Европа според нивото на странски инвестиции, поради него галопирачки се задолжуваме, поради него сме длабоко заглавени во енергетска криза која скапо ќе ја платиме, поради него криминалот и подземјето слободно го тероризираат народот.Има милион причини Заев да замине од политичката сцена. Тој не смее да ја држи Македонија како заложник на својата политичка кариера. Заев доби црвен картон на последните избори директно од граѓаните. Не поминува повеќе пазарџиството и лагите, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека народот јасно кажал дека е за промени и нова иднина со победи.