ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев и Спасовски му дадоа полициско обезбедување и возила со флешери на криминалецот Седат Пекер?

В

Турскиот наркобос Седат Пекер, на кој од страна на Заев му беше дадено полициско обезбедување и придружба со возила на МВР со флешери кажа дека бил и кај Зоран Заев дома, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија 15.05.2021. 09:31

– Што барал Седат Пекер кај Зоран Заев дома и за што разговарале? Ако Пекер е криминалец за СДСМ денес, тогаш зошто на истиот тој криминалец му дадоа полициско обезбедување и третман на државник? Зошто тој криминалец го примаа во нивните домови и со почести беше пречекуван од нивните функционери? Каква работа имаше СДСМ и Зоран Заев со криминалецот Седат Пекер кој три месеци престојуваше во Македонија? Со што го задолжил Пекер Заев и Спасовски, кои кога притисокот станал преголем наместо да го протераат во Турција каде се баеа со потерница го протерале во Косово и дефакто го заштитиле од одговорност?, прашуваат од партијата.

 

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ, како што велат, криминална и Заев да одговорат.

– Од одговорност нема да избегаат. Бродот тоне, порача ВМРО-ДПМНЕ.


Останати вести од Македонија

Подкаст

Подкаст