Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Сите патни правци во државата во моментов се целосно проодни.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури постои можност за појава на поситни одрони. Од ЈП „Македонија пат“ упатуваат апел до сите возачи за крајно внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и задолжително прилагодување на брзината спрема тековните услови на патот.

Дежурните екипи на јавното претпријатие се постојано присутни на терен и континуирано работат на одржување на проодноста на сите патни правци низ целата земја.