Маестро Христо Христов, внук на најголемиот македонски херој Гоце Делчев, ќе диригира во македонската филхармонија на годишнината од смртта на големиот македонски великан. На програмата се дела од Григ, Хендл, Маскањи, Моцарт, Сибелиус, Вагнер, Офенбах и Бизе. Како солистки се настапат Илина Митревска и Десислава Тодорова.
Диригент е Христо Христов, Бугарија досега имал четири настапи со оркестарот на Филхармонија. Последен пат, по истиот повод, диригирал на 04 мај 2019 г. Тој е директен потомок на братот на Делчев, а се соочува со сериозни проблеми во Бугарија поради фактот што отворено се декларира како Македонец.
Со диригирање се занимава уште од далечната 1988 година кога би примен како приправник диригент во орекстарот во Варна. Тој на само 27 години станува еден од главните диригенти на оркестарот во Варна како најмлад главен диригент во историјата на Бугарија.
Покрај музиката тој е и претседател на Фондацијата Гоце Делчев.
-Мојот прадедо Христо е брат на Гоце Делчев. Делчев самиот немаше деца. Како и во голем број фамилии некогш, многу деца имало и во нашето семејство, 5 женски и 4 машки деца. Нашите мажи беа активни во борбата за слобода, а паднатите беа убиени. Само мојот прадедо преживеал, вели тој во неодамнешно интерјву.