Според него само во првите 5 месеци од оваа година полицијата запленила 500 парчиња оружја од различен калибар, додека за поседување оружје без дозвола приведени се 400 лица.
-Во повеќето случаи, полицијата запленила старо оружје, кое беше одземено од воените магацини за време на познатите мартовски немири во 1997 година. Но, неодамна, според полициски извори, има зголемување на оружјето што е понов модел, пренесува Ора њуз.
Пред извесно време полицијата открила 18 бази за оружје и уапсила 9 лица. Во оваа фабрика за модификација, по проверките, полицијата утврдила дека станува збор за софистицирано оружје, по што некои од нив биле испратени на вештачење за да се потврди дали се користени во криминални настани.
Во меѓувреме, во врска со лицата кои сакаат да регистрираат ловечко или спортското оружје, крајниот рок е продолжен до 31 декември.
Пред неколку месеци во парламентарната комисија за безбедност мнозинството предложи амнестија за доброволно предавање на оружје, но овој Предлог- закон се очекува да биде усвоен од новиот законодавен дом, кој ќе се констируира на 9 септември.