Од слобода е лишен 55-годишниот И.Ч. државјанин на Руската Федерација кој се бара од Интерпол Москва за водење кривична постапка во Руската Федерација поради кривично дело давање/примање мито во профитна организација“, наведе министерството за внатрешни работи на Црна Гора.
Чујан се сомничи дека од 2012 до 2018 година, како акционер и сопственик на една банка, преку извршување на спомнатите кривични дела остварил незаконска добивка во висина од 340 милиони рубљи.
Нему од страна на судија за истрага во Подгорица му е одреден екстрадициски притвор.
Чујан во јануари 2009 година Владимир Путин го именуваше за шеф на Федералната служба за регулирање на пазарот на алкохол, а девет години подоцна против него е отворена истрага.
Според доказите, во периодот од 2013 до 2016 година, без согласност на управниот одбор на ОФК банката, издадени биле 115 неосигурени кредити, со вкупен износ од околу 14 милијарди рубљи, на компании под контрола на еден од најголемите дистрибутери на алкохолни производи во тоа време, Статус групата ЛЛЦ. Со истрагата било утврдено дека тие компании се фиктивни.