Неофицијално уапсени се повеќе од 10 лица во големата полициска акција попладнево во која се бараат докази за големо даночно затајување. Според Нетпрес, меѓу уапсените има вработени во Управата за јавни приходи.

Повеќе македонски медиуми ја пренесоа веста.

Република објави дека, наводно, меѓу уапсените се и поранешни пратенички на СДСМ, сопственик на бензински пумпи и сопруга на познат доктор.

Овие информации се непотврдени. Се чека официјално соопштение од надлежните институции.

Порталот 360 степени напиша дека деталите за акцијата на полицијата и на ОЈО ГОКК ќе бидат соопштени утре и дека претресите уште траат.

Извор: Плусинфо