До 13 часот во општина Дебар правото на глас го искористиле 2.781 лице или 14,5 отсто од вкупно запишаните 19.211 во единствениот избрачки список. Во сите 27 избирачки места изборниот ден минува без проблеми а поголема излезност очекуваме во следните попладневи часови, изјави за МИА, Саит Абазоски, од ОИК-Дебар.

Споредено со изборите во 2017 година, кога излезноста во 13 часот била 17,9 таа сега е помала за 3,4 отсто.

Претседателот на ОИК-Центар Жупа, Неџип Илјаз, информираше за МИА, дека правото на глас до 13 часот го освариле 910 граѓани или 12 отсто. На сите 16 избирачки места гласањето се одвива нормалано.

Споредено со изборите во 2017 годна, кога излезноста во оваа општна била 20 отсто, сега е за осум отсто помала.