– Правото на глас денеска го остварија 60 лица, две не гласаа, додека едно не беше запишано во избирачкиот список. Станува збор за 40 лица повеќе од првиот изборен круг, кога гласаа 20 болни и изнемоштени, изјави Јованка Јосифовска, потпретседателка на Општинската изборна комисија – Дебар.

Ниту за првиот, ниту за вториот изборен круг, до Комисијата не било пријавено ниту едно заразено лице со Ковид-19 или во изолација.

Во единствениот избирачки список во оваа општина се запишани 19.211 лица, а утре ќе се гласа на 27 гласачки места. Во првиот круг правото на глас го оствариле околу 42 отсто од запишаните.

Според Јосифовска, изборниот материјал е веќе распределен, избирачките одбори се обучени за начинот на гласање и се очекува утрешниот изборен ден да мине без проблеми.