Анализирано на годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 5,9%, кој се должи на зголемувањето на депозитите на двата сектора, коешто е поизразено кај секторот домаќинства.

На годишна основа, вкупните кредити се повисоки за 7,7%, поради зголемено кредитирање кај двата сектора, со малку поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор.

Кредитите на домаќинствата остварија месечен раст од 0,3 проценти и годишен раст од 7,2 проценти. Промената по двете основи се должи на растот на кредитирањето во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во странска валута.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во февруари 2023 година, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечен раст од 0,4 проценти и 0,8 проценти, соодветно, при годишен раст од 6,3 проценти и 12,3 проценти, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се намалени за 0,3 проценти на месечна основа, додека на годишна основа бележат раст за 11,8 проценти.

Во февруари, кај кредитите одобрени на кредитни картички и негативните салда на тековни сметки е остварен месечен пад за 1,1 процент и 1,3 проценти, соодветно, додека на годишна основа тие се повисоки за 0,8 проценти и 0,4 проценти, соодветно.

Овој месец, кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,5 проценти и 16,3 проценти на месечно и на годишно ниво, соодветно.

Кредитите на корпоративниот сектор во февруари се намалени за 0,2 проценти, во целост како резултат на падот на кредитирањето во денари. Споредено на годишно ниво, кредитите на корпоративниот сектор бележат раст за 8,2 проценти, којшто во услови на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, во поголем дел се должи на кредитите во странска валута.