По претходно обезбедена наредба за претрес на дом и други простории, издадена од судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија,бил извршен претрес во домот на Б.А. каде биле пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана со вкупна тежина од 1,5 килограми,дигитална вага и парични средства за кои потојат основи на сомневања дека потекнуваат од продажба на марихуана.
Б.А. е приведен во Полициската станица во Гевгелија,а од страна на СВР Струмица-ОВР Гевгелија, по целосно документирање на случајот, до надлежното јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна пријава за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.