Грција од денеска почнува со вакцинација на децата на возраст од 12 до 15 години против ковид-19 од страна на Pfizer-BioNTek и Moderna, што ја продолжува имунизацијата на адолесцентите, што започна овој месец, бидејќи бројот на заразени лица во земјата продолжува да расте.
Директорката на грчкиот одбор за вакцинација, Марија Теодориду, претходно неделава, изјави дека вклучувањето на помладите тинејџери во програмата ќе помогне да се заштитат ранливите деца и роднини и да се подготви патот за враќање на училиште во септември, објави Ројтерс.
Во Грција, која има 11 милиони жители, досега се дадени повеќе од 10,2 милиони од првата доза на вакцината.
Околу 46,8 проценти од луѓето се целосно вакцинирани, изјави Мариос Темистоклеус, генерален секретар задолжен за вакцинација.
Во обид да поттикне што повеќе луѓе да се вакцинираат, владата понуди стимулации, вклучително и готовина и бесплатни мобилни податоци за младите.