Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Во текот на вчерашната вечер (16/17.12.2021) во периодот од 22.00 до 02.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на населба Илинден, при што санкционирани се вкупно 15 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.