Кина регистрирала 564 нови случаи на зараза со коронавирус во изминатите 24 часа – 109 симптоматски и 455 асимптоматски, соопштија кинеските здравствени власти.

Еден ден претходно, Кина регистрираше 626 нови случаи на инфекција, од кои 119 се симптоматски, а 507 асимптоматски.

Кинеските здравствени власти водат посебна статистика за асимптоматски случаи на инфекција со коронавирусот.

Во изминатите 24 часа не се регистрирани нови смртни случаи. Бројот на починати во Кина поврзани со Ковид е 5.226. Вкупниот број на потврдени симптоматски случаи е 229.294.