Во Ковид центарот при инфективното одделение во нашата болница моментно имаме само еден пациент на болнички третман. Станува збор за повозрасна жена од општина Центар Жупа, која е на повремена кислородна поддршка. Ова е најмала бројка до сега од отворањето на центарот, во почетокот на ноември минатата година. Оптимист сум дека веќе го гледаме светлото на тунелот, но сепак, моја порака е дека треба да бидеме внимателни, изјави Алили за МИА.

Вчера попладне, додава тој, и покрај сите напори на здравствениот персонал, во Ковид центарот, како последица од опасниот вирус, почина жител на општина Центар Жупа.

Од почетокот на пандемијата, кога ова подрачје беше прво жариште на болеста, регистрирани се 939 случаи со Ковид-19, починале 43, додека активни на болеста се шест лица.

На подрачјето на двете општини во измнатите четири дена нема нов случај, додека овој месец опасниот вирус е потврден кај девет лица, наспроти минатот месец кога од први до 24 април биле регистрани 68 нови случаи.

Доктор Алили на МИА потврди дека непречено се одвива и процесот на имунизација, со кој до сега се опфатени околу илјада жители од двете општини.