Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 16:30 часот во Куманово го лишиле од слобода Д.С. (32) од Скопје.
Како што информира МВР, за него била распишана централна потерница со која се барал за издржување казна затвор за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235а од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.