Проекциите предвидуваат и дека бројот на починати во текот на април ќе се приближуваат до 50, но дека состојбата би се подобрила на крајот на следниот месец.
Според статистиката на Институтот, пикот со најмногу починати од ковид-19 во земјава треба да се случи на 18 април, кога се очекува да има од 28 до 82 смртни случаи во едно деноноќие.
Од друга страна, пак, по достигнувањето на пикот се очекува значително стабилизирање на состојбата, а според бројките на АХМЕ, на 1 јули се очекува да има од 1 до 8 смртни случаи.