Во Македонска Каменица отворена изложба од 29-тата Лесновска Колонија. Организатор на настанот е Културно-информативниот центар „Романса”.

Изложбата, како што информираше директорот на таа институција, Гоце Стојановски, содржи триесеттина дела од 15 учесници.

-Од вкупно 15 уметници поради пандемијата, на колонијата има само еден учесник од странство. Со тоа колонијата има меѓународен карактер со вкупно 30 дела кои се изложени во просториите на киносалата во Македонска Каменица, а чиј историјат датира од 1992 година, рече Стојановски.

Директорката на Домот на култура „Злетовски рудар” од Пробиштип, Сандра Мијалкова го прогласи настанот за отворен и истакна дека ова е јубилејна 30. година од постоењето на Лесновската Ликовна колонија.

– Делата од 29-тата лолонија за прв пат беа изложени минатото лето, пред еден од најубавите манастири од каде уметниците црпат инспирација, истакна Мијалкова.

Делата од Лесновската ликовна колонија ќе бидат изложени во просториите на киносалата во Македонска Каменица во наредните десетина дена.