Според податоците од ОИК, во Охрид до 11 часот на гласање излегле 17,7 отсто од впишаните лица со право на глас, додека во Општината Дебрца до 11 часот гласале 18 проценти од граѓаните.
Во Општина Охрид се евидентирани вкупно 52 426 граѓани со право на глас, кои своето изборно право го реализирааат на 88 избирачки места, додека во Општина Дебрца право на глас имаат 4 350 лица кои гласаат на 28 избирачки места.