Како што посочуваат од ОИК Гевгелија, споредено со првиот круг од пред две недели излезноста на вториот круг е поголема за 4,5 отсто во истиот временски интервал.

На 36 избирачки места, до 15 часот, гласот за едниот од двајцата кандидати за градоначалник, го дале 8512 граѓани.

Според Избирачкиот список, право на глас во Општина Гевгелија имаат вкупно 19 076 граѓани.