Најмалку една доза од вакцините била дадена на 220.145.796 лица, а 190.402.262 лица биле целосно вакцинирани. Податоците се за вакцините со две дози на Фајзер/Бионтех и за Модерна и вакцините со единечна доза на Џонсон и Џонсон.

Околу 13 милиони луѓе добиле засилувачки дози на вакцини Фајзер и на Модерна од 13 август, кога САД дозволија да им се даде трета доза на луѓе со компромитиран имунолошки систем, кои најверојатно ќе имаат помала заштита од вирусот.