Изречени се вкупно 140 мерки на територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена сообраќајна контрола.
За возење повеќе од дозволената брзина изречени се 46 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
За користење мобилен телефон, информираа денеска од МВР, изречени се девет мерки, пет санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 38 за непрописно паркирање…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.