Во засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје, Министерството за внатрешни работи вчера санкционира 109 возачи, меѓу кои 13 за возење без возачка дозвола, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила, а седум за возење повеќе од дозволената брзина.

Како што информираат од МВР, изречени се и девет мерки за користење мобилен телефон, по четири за некористење сигурносен појас и за минување на црвено светло на семафор, како и 36 за непрописно паркирање.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.