Обуките се активност на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, кој е еден од неодамна формираните совети во рамки на Комората.
– Првиот модул од овие две програми започнува на 9 и 10 декември 2021 година, а останатите модули продолжуваат од следната година и ќе се одржуваат два пати во месецот се до јуни 2022 година, информираат од Стопанската комора на Северна Македонија.
На отворањето најавени се обраќања на претседателот на Комората (СКСМ), Бранко Азески, на претседателот на Советот за високо образование и стратешки истражувања при Комората, Глигор Бишев и на потпретседателката на СКСМ и проект менаџер за развој на советите Јелисавета Георгиева Јовевска.
За првата шестмесечна обука за бизнис лидери има 33 слушатели од среден менаџмент на големи и средно големи компании од сите сектори, а за обуката за развој на мали и средни бизниси има 18 слушатели од виш менаџмент од мали и средни компании.
Кон крајот на јануари се очекува да започнат и активностите од Програмата за поддршка на старт-ап.