Шеесет и двегодишна жена од Сојузна Република Германија е загинатата личност во тешката сообраќајка што денеска се случи на автопатот Неготино – Демир Капија, информираше попладнево за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

– Денеска во 11.20 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Неготино – Демир Капија, М.А.(36) од Сојузна Република Германија, управувајќи патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала сопатничката С.А.(62) од Сојузна Република Германија, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, појасни Самарџиев за МИА.

МИА претходно информираше дека се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот кај бензинската станица, а според информациите од Брза помош при Здравствен дом Неготино, едно повредено лице било пренесено во болница во Велес, а две во кавадаречката болница.