На прес-конференцијата по седницата на тоа владино тело, Тиодоровиќ истакна дека дури од 8 мај може да се размислува за постапно олеснување на постојните мерки.

– За олеснување можеме да зборуваме само кога ќе се намали бројот на новозаболени лица. Ако тој број брзо се намали и ако се почитуваат сите мерки, по 8 мај ќе размислиме за нивно постепено олеснување. Но, постепено, изјави Тиодоровиќ.

– Се зборува за разни претпоставки, без разлика дали се работи за 1.000 или 100 на дневна основа, изјави тој и додаде дека ова значи оти „по 8 мај“ може да се размисли за угостителските објекти да можат да работат и во затворено.

Услов за тоа е угостителските работници и музичарите да се вакцинираат и да се спроведуваат сите мерки кои сега се во полна сила, кажа тој.

Тиодоровиќ нагласи дека денешната седница имала задача да ја оцени и процени епидемиолошката состојба пред празничните денови.

– Сите сакаме заедно, и луѓето и раководството и сите кои работиме во медицина и надвор од медицината, да го избегнеме сценариото што се случи за празникот Сретење, кога имавме убаво време и непочитување на мерките, што не доведе до влошување на ситуација. Сега можеме да го избегнеме ова ако сме дисциплинирани, ако постапуваме одговорно, го користиме убавото време да дишеме чист и здрав воздух, да прошетаме со семејствата, да славиме големи празници, но и да ги почитуваме мерките, кажа Тиодоровиќ.

Тој посочи дека „повеќе од 90 отсто од пациентите кои денес се во Ковид болниците се невакцинирани“.

Од 15 мај, најави тој, започнува голема кампања меѓу младите.

– Во однос на Егзит, како и одредени фестивали, можно е да се подготвиме и да им овозможиме на младите да живеат колку е можно понормално, кажа тој и додаде дека „мора да имаме нешто што ќе биде образец за тоа како да се однесуваме сите“.

– Постојат оние кои сугерираат вакцинираните да имаат одреден приоритет, морам да ви кажам објективно, веројатно тоа нема да можеме да го примениме во секоја ситуација. Ако некој не може да прими вакцина поради здравствени причини, мора да му овозможиме некои бенефиции, заедно со ПЦР тестот, ако го преболел вирусот….“, изјави Тиодоровиќ